Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Орце Ѓорѓиевски: 14-тата дезинсекција против комарци – Продолжуваме со засилено темпо
    • ДУИ: Подготвени сме, да одиме на избори
    • Колку пари му требаат на едно семејство? – Августовската кошница 68.675 денари
    • Еврото добива нов изглед – Новиот дизајн пристигнува до крајот на годината
    • Удрил во возило, па се забил во ограда – Македонската полиција фати „камен пијан” возач
    • Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска
    • Објавени прелиминарните резултати од августовската матура – Важна вест за сите кои сакаат да поднесат приговор
    • Цената на нафтата повторно скокна – Дали следува голем скок на нафтата и во Македонија?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: 14-тата дезинсекција против комарци – Продолжуваме со засилено темпо

    Орце Ѓорѓиевски: 14-тата дезинсекција против комарци – Продолжуваме со засилено темпо

    20.08.2026 во 11:172 Mins Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово се спроведе 14-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона. За ова информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

    -Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона.

    Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови.

    Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман, а издадов налози во периодот од 23 до 26 август да се спроведе и терестична дезинсекција на подрачјето на градот.

    Сите активности се реализираат плански и системски, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, а одобрен од надлежните здравствени власти и европската регулатива.

    Во изминатиот период континуирано се спроведуваа третмани и против ларвите и комарците.

    Дезинсекција против ларви:

    – 7 мај – авионска

    – 11 јуни – авионска

    – 26 јуни – теренска

    – 10 јули – авионска

    – 23 јули – теренска

    – 11 август – теренска

    – 18 август – теренска

    Дезинсекција против комарци:

    – 1 и 2 јуни – авионска

    – 18 и 20 јуни – теренска

    – 27 и 28 јуни – авионска

    – 13 и 15 јули – теренска

    – 30 и 31 јули – авионска

    – 4 и 6 август – теренска

    – 20 август – авионска

    До крајот на сезоната ќе бидат реализирани повеќе од 20 третмани против комарци.

    Овие бројки најдобро покажуваат дека дезинсекцијата е континуиран процес кој го спроведуваме навремено, организирано и согласно однапред утврдена динамика.

    Затоа продолжуваме одговорно, системски и со засилено темпо да ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и поквалитетно секојдневие за скопјани, напиша тој.

    Featured Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ДУИ: Подготвени сме, да одиме на избори

    20.08.2026 во 11:14

    Колку пари му требаат на едно семејство? – Августовската кошница 68.675 денари

    20.08.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.