Close Menu
Press24
    Најново

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Испливаа снимки од силното невреме проследено со торнадо во Германија

    ВИДЕО: Испливаа снимки од силното невреме проследено со торнадо во Германија

    20.08.2026 во 11:302 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме проследено со торнадо во текот на ноќта зафати повеќе германски покраини, оставајќи зад себе една жртва, неколку повредени лица и уништена инфраструктура.

    Најтешко погодени се покраините Тирингија, Хесен, Баварија, Бранденбург и Рајнска област-Пфалц.

    Во Рајнска област-Пфалц загина 58-годишна жена откако врз неа паднало дрво, додека нејзината 47-годишна придружничка се соочува со тешки повреди.

    Во градот Фирстенвалде во Бранденбург, торнадото кинеше покриви и искоренуваше дрвја, при што 18-годишен возач беше извлекуван од противпожарните екипи откако врз неговиот автомобил паднало стебло.

    Сериозни оштетувања се регистрирани во Хесен, каде што само во Вецлар се оштетени околу 60 куќи, а делови од покриви летале и до 100 метри.

    Во Лаубах, поради паднато дрво врз резервоар за гас и опасност од истекување, беше евакуирана област во радиус од 200 метри.

    Пожарникарите во Тирингија реализираа десетици интервенции, главно во јужните делови на покраината каде што невремето беше најсилно.

    Во Баварија, паднатите дрвја предизвикаа прекини во сообраќајот и оштетија возила, а поради безбедносни причини беа евакуирани околу 3.500 посетители од отворениот дел на панаѓурот во Кронах.

    Метеоролозите предупредуваат дека силни суперќелиски бури во следните два дена може да донесат нов бран невреме низ Европа, зафаќајќи ги Шпанија, Франција, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија и Хрватска, со ризик од град, олуен ветер, поплави и торнада.

    Die Videos sind nicht von mir und wurden vsl. in Hessen bei Oberndorf bei Siegbach aufgenommen.#unwetter #gewitter #tornado #hessen pic.twitter.com/gwZfLM7jYj

    — Jonas Sanoj (@JonasHe996) August 19, 2026
    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.