Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува енергетска крстосница на Балканот

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува енергетска крстосница на Балканот

    20.08.2026 во 10:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ја зајакнува својата позиција на регионалната енергетска карта, користејќи ја стратешката географска положба и поврзаноста со Коридорите 8 и 10, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата наведуваат дека преку нови и постојни електроенергетски врски со соседните земји се создаваат услови за посигурен пренос и поголема стабилност на електроенергетскиот систем.

    Како еден од клучните проекти го посочуваат интерконективниот далновод Битола–Елбасан, кој заедно со врските со Бугарија, Србија, Косово и Грција треба дополнително да ја поврзе земјата со регионалните енергетски пазари.

    Во гасниот сектор, во завршна фаза е интерконекторот со Грција, проект вреден околу 60 милиони евра. Почетниот капацитет ќе изнесува 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност тој да биде зголемен до три милијарди кубни метри.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, двонасочната гасна врска ќе овозможи пристап до повеќе извори на природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поголема конкуренција на пазарот. Од партијата очекуваат придобивки и за домаќинствата и за индустријата, како и подобри услови за економски развој.

    Како следен значаен проект се најавува гасното поврзување со Србија. Северниот интерконектор би овозможил Македонија да стане транзитна рута за гасот што пристигнува од југ, вклучително и преку терминалот во Александрополис, кон земјите од Централна Европа.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека развојот на енергетската инфраструктура е важен и за привлекување нови инвестиции, особено во индустриите со висока потрошувачка на енергија, но и за идниот развој на дата-центри и технологии поврзани со вештачката интелигенција.

    Паралелно се работи и на други енергетски проекти, меѓу кои ставањето во функција на продуктоводот од Солун до ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес–Штип, развојот на делницата Гостивар–Кичево и продолжувањето на гасоводната мрежа од Тетово кон Косово.

    Од партијата велат дека крајната цел е Македонија да не биде само крајна точка на енергетските мрежи, туку активен дел од регионалниот систем и важен енергетски центар на Балканот.

    Според нив, поголемата поврзаност, повеќето извори на енергија и можностите за транзит треба да донесат поголема енергетска сигурност, подобри услови за инвестиции и посилна економија.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.