Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 185 тони железо „исчезнале“ од Тутунски комбинат – Штетата над 3,3 милиони денари
    • „Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе” – Вака Ведрана Рудан зборуваше за својот прв брак
    • Спектакл под ѕвездите: „Као какао“ го затвора „Охридско лето“
    • Познатата пејачка се прости од Ведрана Рудан: „Збогум наша голема, добра и бесна”
    • УХМР ги измери температурите во осум часот – Пеколен ден пред нас, но следи и промена
    • Македонската дипломатска мрежа на едно место: Почнува Амбасадорскиот совет
    • Песна, оро и традиција во Пустец: Почнува фестивалот „Преспа 2026“
    • Пет пожари беснеат во Македонија – ЦУК информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 185 тони железо „исчезнале“ од Тутунски комбинат – Штетата над 3,3 милиони денари

    185 тони железо „исчезнале“ од Тутунски комбинат – Штетата над 3,3 милиони денари

    20.08.2026 во 09:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и едно правно лице од прилепско, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконска продажба и прикривање на отпадно железо од АД „Тутунски комбинат“ – Прилеп.

    Пријавен е Љ.Б. (59) од Прилеп за „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. К.С. (60) е пријавен за „несовесно работење во службата“, додека Ј.Д. (41) се товари за „прикривање“ и „фалсификување службена исправа“. Кривична пријава е поднесена и против правно лице од село Мало Коњари, прилепско, за „прикривање“.

    Според МВР, Љ.Б. во текот на 2021 и 2022 година бил координатор на група за обезбедување во АД „Тутунски комбинат“ – Прилеп, додека К.С. во истиот период бил генерален извршен директор. Ј.Д. бил сопственик и управител на фирмата од Мало Коњари, која имала склучено договор со комбинатот за откуп на отпадни материјали.

    Во февруари 2022 година, според пријавата, Љ.Б., со помош на Ј.Д., прикрил најмалку 185.000 килограми отпадно железо од Работната единица „Заводи – Мажучиште“, кое не било евидентирано како приход на комбинатот.

    Наместо отпадот да биде продаден и средствата да завршат на сметката на АД „Тутунски комбинат“, фирмата од Мало Коњари, како што се сомнева полицијата, изготвила фиктивни откупни белешки. Отпадното железо било прикажано како да е предадено од осум физички лица, блиски на првопријавениот.

    Парите од продажбата биле префрлани на сметки на седум физички лица, како и на личната сметка на Љ.Б. По подигнувањето на средствата во готовина, тие му ги предавале парите на првопријавениот.

    На овој начин, на сметките на физичките лица биле префрлени вкупно 3.338.328 денари, со што, според МВР, АД „Тутунски комбинат“ – Прилеп било оштетено за истиот износ.

    Од друга страна, на сметката на Тутунскиот комбинат по основ на продажбата на отпадното железо биле уплатени вкупно 1.274.560 денари од фирмата од Мало Коњари.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе” – Вака Ведрана Рудан зборуваше за својот прв брак

    20.08.2026 во 08:57

    Спектакл под ѕвездите: „Као какао“ го затвора „Охридско лето“

    20.08.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.