На 20 август, во текот на ноќта, во Општина Виница ќе се спроведе третата фаза од терестичкото прскање против комарци.
Дезинсекцијата ќе се реализира од 1 до 2 часот по полноќ, со специјално возило, а ќе бидат опфатени градот Виница и населените места во општината.
За третирањето ќе се користи препарат одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) – Aqua-K-Othrine® Insecticide Space Spray Concentrate.
Од Општина Виница ги известуваат пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволат прскањето да се изврши во предвидениот термин, третирањето ќе биде одложено за наредниот ден.

