Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани
    • Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?
    • Ќе легнат пари на сметките: Колку ќе изнесува К-15 годинава?
    • ФОТО: „На небото те чека другарка, знаеш ти која” – Водителката која помина низ хорор се прости од Ведрана Рудан
    • УХМР ги измери температурите во 8 часот – Горештините попуштија, но викендот носи пресврт
    • За Успение на Пресвета Богородица обезбеден дополнителен превоз до Матка
    • Преображение Господово: Денот кога за првпат се јаде благословено грозје – Ова се обичаите
    • Летниот режим на сообраќај на сила до 31 август – АМСМ информира за правилата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани

    ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани

    19.08.2026 во 08:452 Mins Read
    ФОТО: Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се локализирани и изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

    Најсериозна е состојбата во општина Студеничани, каде гори мешана шума во поширокиот регион на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер.

    Пожари се активни и во општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки на локалитетот „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица.

    Третиот активен пожар е на територијата на општина Прилеп, во близина на селото Чаниште. Пожарот се движи во два правци – кон селата Зовиќ и Крушевица, а зафатена е ниска вегетација.

    Пожарот што избувна на депонијата во Делчево до 7:30 часот бил ставен под контрола.

    Во текот на деноноќието изгаснати се пожари и во повеќе други општини, меѓу кои Ѓорче Петров, Сарај, Штип, Долнени, Кичево, Гостивар, Аеродром, Арачиново, Могила, Новаци, Радовиш, Струмица, Чашка, Велес и Зелениково.

    Пожари биле регистрирани и во Виница, Кочани, Липково, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце, Брвеница, Тетово и Јегуновце.

    Во општините Јегуновце и Сарај горела и мешана шума. Пожарот првично бил регистриран кај селата Копанце и Туденце, по што се проширил во правец на селото Бојане.

    Featured Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?

    19.08.2026 во 08:42

    Ќе легнат пари на сметките: Колку ќе изнесува К-15 годинава?

    19.08.2026 во 08:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.