Close Menu
Press24
    Најново

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    17.10.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осуден 19-годишен фудбалер: Отпатувал во Британија за да убие човек за 25.000 евра
    • Вучиќ го претстави осумгодишниот план
    • Реформа во данското образование: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против насилни ученици
    • Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети
    • Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима
    • Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот
    • Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес
    • Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?

    Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?

    19.08.2026 во 08:421 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар воведува нова дигитална алатка за граѓаните – официјална мобилна апликација преку која на едно место се обединети информациите, услугите и контактите на Општината.

    Апликацијата засега е достапна за корисниците на iOS преку App Store, додека верзијата за Android се очекува да биде достапна преку Google Play во наредните денови.

    Корисниците преку апликацијата ќе можат да ги следат општинските вести, известувања, настани и јавни повици, но и директно да користат дел од електронските услуги.

    Достапни се и брзи врски до ГИС Порталот, е-Урбанизам, е-Дозволи и „Мој Буџет“, како и до општинските услуги подредени по категории. На едно место се поставени и документи, обрасци, одлуки и контакт-податоци за Општината.

    Апликацијата овозможува и директна комуникација со граѓаните. Тие ќе можат преку неа да пријават проблеми или да испратат предлози до Општината, а достапни се и информации за пријавување корупција, отворени податоци и пристап до информации од јавен карактер.

    Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека целта е граѓаните полесно и побрзо да стигнуваат до услугите и информациите, без потреба да пребаруваат на повеќе места или лично да ја посетуваат Општината.

    Апликацијата е наменета за жителите на Центар, но и за сите граѓани кои работат, престојуваат или секојдневно се движат низ централното градско подрачје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Без вода корисниците од комплекс „Александрија“

    16.10.2026 во 21:31

    Ѓорѓиевски: По 30 години чекање – за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

    16.10.2026 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.