Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летниот режим на сообраќај на сила до 31 август – АМСМ информира за правилата

    Летниот режим на сообраќај на сила до 31 август – АМСМ информира за правилата

    19.08.2026 во 08:112 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми проблеми, по суви коловози, но со зголемена фреквенција на возила надвор од населените места. Од македонска страна, на граничните премини нема подолги задржувања при влез и излез од државата, информира АМСМ.

    Возачите се советуваат да ја приспособат брзината според условите, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност од одрони. Зголемена внимателност е потребна на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Во сила е и летниот режим на сообраќај, кој до 31 август предвидува забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони во одредени периоди за време на викендите, како и при екстремно високи температури.

    За петок забраната важи од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 09:00 до 18:00 часот, а во недела од 09:00 до 22:00 часот. При екстремно високи температури, ограничувањето од понеделник до четврток е во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

    Исклучок од забраната има за возила што превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материјали, како и за возила ангажирани на проекти на државните патишта.

    На делницата Скопје – Охрид – Скопје од магистралниот пат А2, до 1 септември важи посебен режим за товарни возила над 7,5 тони. Забраната е активна во петок од 15:00 до 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот, а во недела од 07:00 до 22:00 часот.

    Според утринскиот извештај, има намалување на гужвите на наплатните станици и подобар проток на возила.

    Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за возила до 3,5 тони.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.