Close Menu
Press24
    Најново

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Швеѓаните сè помалку пушат цигари: Што стои зад промената на културата на пушење?
    • Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ
    • Мерц: Русија не покажува интерес за сериозни мировни преговори за Украина
    • Почина маж од струмичко, со товарно возило излетал од патот
    • Цената на златото се врати над 4.150 долари
    • Петров: СДСМ мора да се промени
    • 2.000 војници во вежбата „Avenger Triad“: НАТО тестира координација со ВИ
    • Муцунски: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и иднината на Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мадона го прослави 68. роденден на Крф

    Мадона го прослави 68. роденден на Крф

    18.08.2026 во 23:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американската поп-ѕвезда Мадона го прославила роденденот во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, каде вечерала со семејството и пријателите во традиционална таверна. Според локалните жители, од нив било побарано да ги затворат прозорците за да ѝ се обезбеди приватност.

    Американската поп-ѕвезда Мадона го прославила својот 68. роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф на 16 ти август, а поради прославата привремено биле затворени и некои од селските улици.

    Таа со семејството и пријателите вечерала во традиционална таверна, со ребетико музика и грчки специјалитети. Во ресторанот пристигнале со црни комбиња, во придружба на обезбедување, пренесува „Прототема“.

    Според локалните жители, од населението било побарано да ги затвори прозорците на своите куќи за да ѝ биде обезбедена приватност на пејачката, додека во селото било распоредено и полициско обезбедување.

    Мадона седела во градината на ресторанот, а во текот на вечерта била изведена и песната „O pio kalos o mathitis“ од Јоргос Замбетас. Прославата била збогатена и со традиционално кршење чинии.

    Пред вечерата, Мадона планирала да ја посети црквата „Богородица“ во Курамадес, која била отворена специјално за неа. Сепак, поради големиот број луѓе собрани во селото, пејачката се откажала од посетата и решила да остане само на роденденската вечера.

    Неколку дена пред роденденот, Мадона престојувала во Метеори, каде со хеликоптер пристигнала од Крф со група од околу 12 луѓе, меѓу кои биле нејзиниот син и 30-годишниот партнер.

    За време на тричасовната посета, таа го посетила манастирот Варлам, кој бил отворен исклучиво за нив. Таму разговарала со игуменот Венедикт, од кого, според монасите, побарала духовни совети и се распрашувала за бројаницата што ја држел во раката.

    Прочитај повеќе

    Швеѓаните сè помалку пушат цигари: Што стои зад промената на културата на пушење?

    29.09.2026 во 23:40

    Три хороскопски знаци за кои октомври носи голема животна промена

    29.09.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.