Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 18 Август-Ден на Армијата: Централна свеченост во Охрид, почесна артилериска стрелба во Скопје
    • Армијата го слави 34. роденден – Доверлив НАТО сојузник и важен фактор во регионалната безбедност
    • Топлотниот бран допрва зема замав – УХМР најавува пекол, но и невреме
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 18 Август-Ден на Армијата: Централна свеченост во Охрид, почесна артилериска стрелба во Скопје

    18 Август-Ден на Армијата: Централна свеченост во Охрид, почесна артилериска стрелба во Скопје

    18.08.2026 во 08:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, на која ќе присуствува државниот и воениот врв.

    На свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    На настанот се очекува присуство и на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри и пратеници, генерали и припадници на Армијата, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот, пензионирани генерали, претставници на локалната самоуправа, организации со кои соработува Армијата и други гости.

    Во рамки на одбележувањето, собраниска делегација во состав Емилија Ангелова, Оливер Спасовски и Павле Арсоски денеска ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на Гробиштата Бутел, како и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и генералот Михаило Апостолски.

    Официјалното одбележување на Денот на Армијата започна вчера со настани во Скопје и Штип. На свеченоста во касарната „Јане Сандански“ во Штип беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, кој се смета за првата организирана воена единица на македонската војска.

    Свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната вчера се одржа и во Министерството за одбрана. На собирот се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Мисајловски упати благодарност до вработените, истакнувајќи дека нивниот труд, посветеност и професионалност придонесуваат Министерството и Армијата да бидат меѓу најорганизираните институции во државата.

    Во касарната „Илинден“ во Скопје, пак, беше извршена почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата.

    18 Август е избран за Ден на Армијата во чест на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј Планина во 1943 година, кој се смета за првата организирана воена формација на Народноослободителната војска на Македонија.

    Процесот на формирање на современата македонска Армија започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

    Денес Армијата е дел од НАТО, најголемиот колективен систем за безбедност, откако Северна Македонија во март 2020 година стана 30-та полноправна членка на Алијансата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Армијата го слави 34. роденден – Доверлив НАТО сојузник и важен фактор во регионалната безбедност

    18.08.2026 во 08:07

    Топлотниот бран допрва зема замав – УХМР најавува пекол, но и невреме

    18.08.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.