Close Menu
Press24
    Најново

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35

    Нови цени на горивата од полноќ

    17.08.2026 во 10:32

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат
    • Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение
    • Во среда е голем христијански празник – Според народните верувања, од овој ден исчезнува жешкото време
    • Делови од Скопје денеска ќе останат без струја до 13 часот
    • Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради зголемено присуство на пестициди
    • СДСМ: Две недели епидемија на западнонилска треска, а прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката крајбрежна стража спаси 41-годишна државјанка на Бугарија која западнала во проблеми во морето кај Халкидики додека возела даска за веслање (SUP), но по акцијата ѝ изрече административна казна поради непочитување на безбедносните прописи.

    Инцидентот се случил вчера наутро во близина на Уранополис, кога жената влегла во морето со даската, но поради ненадејното влошување на времето не успеала самостојно да се врати.

    По добиениот сигнал за помош, веднаш била покрената спасувачка операција во која учествувале офицер од крајбрежната стража, оператори на водни атракции, водно такси и уште две пловила кои се наоѓале во непосредна близина.

    Бугарската државјанка била пронајдена кај плажата Архондаркија и со помош на еден од бродовите била безбедно извлечена на копно. Од грчката крајбрежна стража потврдија дека таа е во добра здравствена состојба.

    Меѓутоа, по завршувањето на спасувањето, надлежните утврдиле прекршување на законските правила за безбедност на море и ѝ изрекле соодветна санцкија.

    Според грчките закони, користењето даска за веслање е дозволено само за едно лице со задолжителен елек за спасување, во зона до 500 метри од брегот или во обележан простор. Глобите за неносење елек изнесуваат 250 евра, за излегување надвор од дозволената зона се движат од 50 до 200 евра, а секое возење пред изгрејсонце и по зајдисонце е строго забрането.

    Прочитај повеќе

    Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија

    15.08.2026 во 11:30

    Осум лица се борат за живот по големиот пожар кај Омиш, едно лице загина

    14.08.2026 во 20:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.