Close Menu
Press24
    Најново

    Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш

    14.08.2026 во 09:27

    Левица: Кој дозволи загадената вода во Гостивар двапати да биде прогласена за безбедна?

    14.08.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ: Го зајакнуваме здравството со над 1 милијарда евра и нов медицински кадар

    14.08.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш
    • Левица: Кој дозволи загадената вода во Гостивар двапати да биде прогласена за безбедна?
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го зајакнуваме здравството со над 1 милијарда евра и нов медицински кадар
    • СДСМ: Македонија е вторa во Европа по ѓубре
    • Страшна трагедија ја потресе Македонија: Загина 19-годишна девојка, сопатничка на мотоцикл
    • Најтежок ден во сезоната на пожари: Ангелов откри дека едно лице е итно пренесено во болница
    • Дневен хороскоп: Два хороскопски знаци ги очекува напредок во работата
    • Убава вест од Охрид: Пронајдена исчезнатата малолетничка Кристина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш

    Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш

    14.08.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш во моментов има околу 1.500 евакуирани лица, изјави за Хрватското радио директорката на локалниот Црвен крст, Ана Стејскал, а пренесе Индекс.хр.

    Според нејзините информации, до полноќ биле регистрирани над 2.000 луѓе, но дел од нив веќе го напуштиле подрачјето или се сместиле кај свои роднини.

    Стејскал истакна дека надлежните служби се подготвени за евентуални нови евакуации, но во моментот нема такви очекувања.

    Граѓаните ќе останат во салата сè додека не се нормализира сообраќајот и не се стават под контрола опожарените подрачја.

    „Временските услови се навистина неповолни во моментов. Дува ветер во сите правци, сè е зачадено и не знам кога ќе можат да се вратат евакуираните“, рече Стејскал.

    Таа потврди дека во центарот се обезбедени доволни количини храна, вода, лекови и сите основни потребни материјали.

    Во акцијата се вклучија бројни волонтери, меѓу кои фармацевти и медицински лица, додека екипите на Итната медицинска помош постојано им помагаат на најзагрозените.

    За сите сместени лица синоќа беа доставени основни намирници, а во текот на денешниот ден ќе бидат организирани и топли оброци.

    Прочитај повеќе

    Успешна акција на Халкидики: Ставен под контрола пожарот кај Сивири, спасени 481 лице

    13.08.2026 во 20:43

    Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти

    13.08.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.