Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
    • Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари
    • Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце
    • Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • 19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Построг е од Божикниот и Петровденскиот: Почнува Богородичниот пост, што треба да се прави следните 15 дена

    Построг е од Божикниот и Петровденскиот: Почнува Богородичниот пост, што треба да се прави следните 15 дена

    14.08.2026 во 08:08Updated:14.08.2026 во 08:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За православните христијани денеска започнува Богородичниот, односно Успенскиот пост, посветен на Успението на Пресвета Богородица. Постот трае 15 дена и завршува на 28 август, кога се празнува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица.

    Богородичниот пост е востановен како период на молитвено сеќавање и духовна подготовка за празникот посветен на Божјата Мајка, со посебен акцент на молитвата и барањето на нејзиното застапништво.

    Овој пост е најкраток од четирите повеќедневни пости во годината. Започнува на 14 август, на празникот на Светите седум Макавеи, а завршува на празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28 август.

    Сведоштва за Богородичниот пост се среќаваат уште во списите на Теодор Студит од IX век, додека неговото празнување и постење во овој период било конечно утврдено на Цариградскиот собор во 1166 година.

    Според црковниот типик, Богородичниот пост е построг од Петровденскиот и Божикниот пост, но не е толку строг како Великиот пост. Од понеделник до петок се препорачува храна без масло, додека во саботите и неделите се дозволуваат вино и масло. На празникот Преображение Господово, на 19 август, дозволена е риба.

    Покрај телесното воздржување, Црквата особено го нагласува духовниот пост – одрекување од грешни мисли, желби и дела, како и посветување на молитвата, покајанието, љубовта, смирението и простувањето. Во овој период верниците се повикуваат и на исповед и причест.

    Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, кој се одбележува на 28 август, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Северна Македонија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски намерно не изолира

    28.09.2026 во 17:14

    Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк

    28.09.2026 во 17:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.