Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упатува апел до македонските државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефони на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.
Од МНРиНТ ги повикуваат македонските државјани во погодените подрачја внимателно да ја следат состојбата и доследно да ги почитуваат упатствата и препораките на надлежните локални власти.
Министерството информира дека континуирано ја следи состојбата со пожарите во Грција преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, како и во координација со надлежните грчки институции.

