УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова претпладне. мерните станици покажаа најниска температура на Попова Шапка, 17 степени.
Најтопло е во Гевгелија со 34 степени.
Во Скопје се измерени 28 степени во 11 .часот, објави УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места може да се појави и невреме со силен ветер и град. Температурата ќе се намали за неколку степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер кој понекогаш ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 21, а максималната до 36 степени Целзиусови.
Утре повторно се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со можност за невреме и град на одредени места. Температурата ќе опадне.
Во текот на викендот времето ќе се стабилизира и дневната температура ќе се зголеми.

