Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Мора да има одговорност за сите што шират паника и лажни вести

    Муцунски: Мора да има одговорност за сите што шират паника и лажни вести

    13.08.2026 во 10:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во телевизиско гостување на „Сител“ зборуваше за ширењето дезинформации и, како што оцени, лажни вести од страна на СДСМ.

    Муцунски оцени дека опозициската партија следи „лоша траекторија“, обвинувајќи ја дека во изминатите години ја нарушила довербата на граѓаните во институциите, а сега преку дезинформации повторно создава паника.

    Тој порача дека мора да има одговорност за ширење лажни вести и предизвикување паника, правејќи разлика меѓу политичката критика и намерното ширење невистини.

    Според Муцунски, политичарите треба да бараат решенија кога се на власт, а кога се во опозиција да упатуваат конструктивна и аргументирана критика. Тој истакна дека за клучните прашања е потребен политички консензус, но и функционално правосудство кое ќе постапува кога се нарушува довербата во институциите.

    Во врска со тврдењата за наводни тајни разговори поврзани со надворешната политика, Муцунски ги отфрли ваквите информации, нагласувајќи дека не водел разговори „под радарот“.

    Зборувајќи за европските интеграции, министерот оцени дека решението прифатено од претходната Влада е неприфатливо и може да создаде дополнителни проблеми во процесот на пристапување кон ЕУ.

    Тој порача дека Владата ќе продолжи да бара решение за напредок кон Европската Унија, но притоа да ги заштити државните и националните интереси.

    „На нас е да бараме решение – решение што ќе биде достоинствено и одржливо“, порача Муцунски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.