Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • 19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откажан концертот на Јелена Карлеуша во Хрватска поради безбедносни причини

    Откажан концертот на Јелена Карлеуша во Хрватска поради безбедносни причини

    10.08.2026 во 16:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, кој требаше да се одржи на 15 август во познатиот клуб во Водице, Хрватска, е официјално откажан.

    Информацијата преку својот официјален Инстаграм профил ја потврди самиот клуб.

    Откако најавата за концертот предизвика реакции кои далеку ги надминаа границите на музички настан во приватен клуб, донесовме одлука да не го одржиме концертот – објави Хациенда.

    Од раководството на клубот нагласија дека приоритет им е безбедноста на сите присутни.

    Ниеден изведувач и ниеден настан не се поважни од безбедноста на нашите гости и вработени – се наведува во официјалното соопштение на клубот.

    Истовремено, од клубот им се заблагодарија на гостите за поддршката и разбирањето, порачувајќи дека нивниот простор „останува место за музика, забава и добро поминување на времето“.

    Најавата за настапот на Карлеуша предизвика бројни негативни реакции изминатите денови, при што дел од граѓаните и здруженијата на ветерани ја критикуваа нејзината посета поради претходни политички изјави.

    По повод настанот претходно се огласи и градоначалникот на Водице, Анте Цукров, кој изјави дека го смета настапот за несоодветен и дека пејачката не е добредојдена во градот.

    Прочитај повеќе

    Flying Tiger Copenhagen го продолжува регионалното проширување: целта е присуство на шест пазари до крајот на 2027 година

    28.09.2026 во 11:07

    Дневен хороскоп: Нови планетарни влијанија носат акција, страст и креативност за сите хороскопски знаци

    27.09.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.