Close Menu
Press24
    Најново

    Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

    07.08.2026 во 16:34

    УХМР со најнова прогноза: Нестабилно со дожд и грмежи во Куманово, Струмица, Полог и на југот од земјава

    07.08.2026 во 16:30

    Пукање во Скопје: Мотоциклисти пукале кон паркиран автомобил

    07.08.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера
    • УХМР со најнова прогноза: Нестабилно со дожд и грмежи во Куманово, Струмица, Полог и на југот од земјава
    • Пукање во Скопје: Мотоциклисти пукале кон паркиран автомобил
    • МЗ: Седум нови случаи на западнонилска треска во Македонија
    • Ѓорѓиевски: Подната фонтана повторно станува симбол на Скопје
    • Средба Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка со Словачка
    • Во Украина има 200.000 принудно отсутни војници
    • Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

    Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

    07.08.2026 во 16:345 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ја избираат премиум меѓународни брендови.

    Партнерството обединува две организации со заедничка посветеност кон квалитетот, создавањето препознатливи дестинации и долгорочниот развој на медитеранското lifestyle искуство. Green Coast се етаблираше како репер за интегрирано живеење во крајбежјето на Албанија, комбинирајќи станбени заедници, угостителство, малопродажба и содржини за рекреација во внимателно испланирана средина на јонското крајбрежје. Nammos, кој потекнува од Миконос, прерасна во глобална lifestyle платформа која опфаќа хотели, брендирани резиденции, препознатливи гастрономски концепти, малопродажба и велнес, со присуство на Миконос, во Дубаи, Кан, Сардинија, Лондон и Лимасол. Албанија станува седмата земја во светот во која ќе биде присутен брендот Nammos.

    Планираната дестинација под брендот Nammos во рамките на Green Coast ќе опфати бутик хотел со 29 сместувачки единици, 12 брендирани резиденции, ресторан Nammos, дополнителни концепти за храна и пијалаци, како и внимателно селектирана малопродажна понуда, кои ќе функционираат во рамките на долгорочен договор. Проектот ќе биде дизајниран и управуван во согласност со стандардите на брендот Nammos Hotels & Resorts, создавајќи lifestyle дестинација што го одразува глобалниот идентитет на брендот Nammos и препознатливиот природен карактер на албанската ривиера.

    Петрос Статис, претседател на Nammos, изјави: „Горди сме што воспоставуваме партнерство со BALFIN Group за овој возбудлив проект, во една од најбрзо растечките дестинации на Медитеранот. Nammos Resort Albania ќе донесе ексклузивно, ултра-луксузно хотелско искуство на албанската ривиера и ќе стане нов репер за регионот.“

    Самир Мане, претседател на BALFIN Group, изјави: „Ова партнерство претставува значајна пресвртница во развојот на Green Coast. Со комбинирање на нашата долгорочна визија за развој на дестинацијата со глобално препознатливата експертиза на Nammos во lifestyle индустријата и хотелиерството, имаме цел да создадеме уникатна понуда што дополнително ќе ја зајакне меѓународната привлечност на албанската ривиера. Заедно создаваме дестинација што ја одразува растечката зрелост и амбицијата на туристичкиот и хотелско-угостителскиот сектор во Албанија.“

    За Nammos Hotels & Resorts, партнерството претставува можност за проширување на дестинација со исклучителни природни вредности, растечка препознатливост во светски рамки и силен долгорочен потенцијал. Големината и инфраструктурата на Green Coast, развиени преку инвестиција вредна над 1 милијарда евра, поставуваат основа за интегрирано, одржливо и осмислено присуство на Nammos со цел создавање долгорочна вредност за гостите, жителите и инвеститорите.

    Оваа најава ја одразува континуираната доверба на интернационалните брендови од областа на угостителството и lifestyle индустријата во туристичкиот сектор на Албанија и се очекува дополнително да придонесе кон позиционирањето на албанската ривиера како водечка медитеранска дестинација за туризам, премиум резиденцијално живеење и долгорочни инвестиции.

    За Green Coast

    Green Coast е најзначајниот крајбрежен проект во Албанија, лоциран во Паласа на албанската ривиера. Развиен преку инвестиција на BALFIN Group во вредност од над од 1 милијарда евра, Green Coast обединува премиум станбени заедници, угостителски капацитети, малопродажни содржини, рекреативни зони и содржини што нудат врвен животен стил, во внимателно испланирана крајбрежна средина, дизајнирана за живеење преку целата година и туризам.

    Проектот вклучува интернационални хотелски брендови, резиденцијални населби, шеталиште покрај брегот, lifestyle содржини и малопродажба, како и разновидна угостителска понуда, кои заедно создаваат сеопфатен екосистем што ја слави единствената природна убавина на aлбанската ривиера, истовремено придонесувајќи за одржлив развој на регионот.

    За Nammos Hotels & Resorts

    Nammos Hotels & Resorts е хотелскиот и резиденцијалниот израз на Nammos, еден од најпрепознатливите светски брендови за луксузен животен стил. Создаден во Миконос во 2003 година и глобално познат по создавањето динамични локации што ги обединуваат врвната гастрономија, забавата и плажната култура, Nammos природно прерасна во бренд што опфаќа луксузни хотели, ресорти и брендирани резиденции, пренесувајќи ја својата препознатлива филозофија на животен стил, пристапот кон услугата и визијата за дизајн во некои од најпосакуваните дестинации во светот.

    Со отворањето на Nammos Hotel Mykonos во 2023 година, Nammos Hotels & Resorts се надоврза на повеќе од две децении создавање искуства дефинирани од медитеранската елеганција. Инспириран од своето островско потекло, Nammos комбинира ненаметлива софистицираност со динамична социјална енергија, што создава незаборавни искуства за гостите, жителите и локалните заедници.

    Секој хотел, ресорт и резиденција е внимателно дизајниран за да го одразува локалниот карактер на својата локација, истовремено обезбедувајќи високо персонализирана услуга, гастрономски искуства од светска класа, благосостојба, култура и забава. Комбинирајќи силно чувство за припадност кон местото со препознатливиот дух на Nammos, Nammos Hotels & Resorts создава дестинации каде што луѓето се собираат за да се поврзат, прославуваат и да ја искусат радоста на луксузот.

    За ADMO Lifestyle Holding

    ADMO Lifestyle Holding (ADMO) е основана во 2022 година како заедничко вложување помеѓу Alpha Dhabi Holding PJSC (ADX: ALPHADHABI) и Monterock International Limited. Визијата на ADMO е да изгради платформа од водечки светски брендови во областа на луксузниот животен стил, угостителството, гастрономијата и забавата. Нејзината прва инвестиција беше во Nammos Group, глобално реномиран бренд во областа на животниот стил и гастрономијата, синоним за луксузна забава и врвни гастрономски искуства.

    Портфолиото на ADMO беше проширено во 2023 година со аквизициите на CÉ LA VI Group и Em Sherif, по што следуваше формирањето на AlphaMind, заедничко вложување со Addmind Group. Плановите на ADMO за глобална експанзија се насочени кон создавање врвни, сеопфатни и луксузни искуства за гостите. Новите отворања во 2026 година ги вклучуваат Nammos Sardinia, Nammos London, Nammos Resort Amaala, Cafe KIRA, Suteki, Iris Harbour, Cafe du Port и Em Sherif Deli Qatar.

    Home

    https://www.instagram.com/admolifestyle

    Прочитај повеќе

    Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција – со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија

    07.08.2026 во 13:43

    (ФОТО) Добро утро: Во 7:20 нема место на плажа

    07.08.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.