Close Menu
Press24
    Најново

    Осумдневен притвор за скопски полицаец: Ги пуштал непрописно паркираните возила од „пајак“ депото и ги земал готовинските пари за себе

    05.08.2026 во 17:42

    Серафимовски: Со дијалог и заеднички мерки до посилно македонско пчеларство

    05.08.2026 во 17:31

    Петкоска: Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата

    05.08.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осумдневен притвор за скопски полицаец: Ги пуштал непрописно паркираните возила од „пајак“ депото и ги земал готовинските пари за себе
    • Серафимовски: Со дијалог и заеднички мерки до посилно македонско пчеларство
    • Петкоска: Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата
    • Кривопаланчанец заврши со лисици на рацете – го претепал сопствениот син
    • Скопјанец среде бел ден нападнат и ограбен од три лица на кеј на Вардар
    • Приведен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес
    • Осум дена притвор за скопски полицаец, ги задржувал парите од пајак-службата и ги намалувал казните
    • Голем пожар избувна кај Атина, противпожарните екипи мобилизирани на терен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осумдневен притвор за скопски полицаец: Ги пуштал непрописно паркираните возила од „пајак“ депото и ги земал готовинските пари за себе

    Осумдневен притвор за скопски полицаец: Ги пуштал непрописно паркираните возила од „пајак“ депото и ги земал готовинските пари за себе

    05.08.2026 во 17:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор на полицаецот, поради опасност од бегство. 

    Како што соопшти Обвинителството, од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари.

    – Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе – се посочува во соопштението.

    Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден.

    Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како што објаснуваат од ЈОРСМ, предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани.

    Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена

    Прочитај повеќе

    Кривопаланчанец заврши со лисици на рацете – го претепал сопствениот син

    05.08.2026 во 16:54

    Скопјанец среде бел ден нападнат и ограбен од три лица на кеј на Вардар

    05.08.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.