Close Menu
    Најново

    Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    22.09.2025 во 22:12

    Макрон од говорницата на ОН ja призна Државата Палестина

    22.09.2025 во 21:45

    Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

    22.09.2025 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН
    • Макрон од говорницата на ОН ja призна Државата Палестина
    • Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа
    • Филипче: Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката
    • Експлозија на пазар во регионот на Анталија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз
    • САД: Ќе ја браниме секоја педа од НАТО-територијата
    • ДИК потврди 303 листи за градоначалници и 558 за советници
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитриевски: Неопходно е да поставиме основи за добро управување со отпадот, со цел да станеме вистинска европска земја

    Димитриевски: Неопходно е да поставиме основи за добро управување со отпадот, со цел да станеме вистинска европска земја

    20.09.2025 во 11:45
    ФОТО: Принтскрин ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје.

    Димитриевски дискутираше за решавањето на проблемите со депониите, и истакна дека како држава треба да поставиме основи за добро управување со отпадот, и тоа со создавањето на соодветни центри за управување, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот и тоа дали производот ќе создава помалку или повеќе количество отпад.

    „Ние мораме да поставиме основи за добро управување со отпадот, ако сакаме да стигнеме за одредено време да сме вистинска европска земја, тоа значи да имаме центри во коишто ќе управуваме со отпадот, не да бидат тоа центри во коишто фрламе ѓубре, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот, дали овој производ ќе создаде помалку или повеќе количество отпад, во овој момент не ги фаворизираме процесите коишто создаваат помалку отпад туку фаворизираме повеќе производи, не се грижиме толку дали има во ова шишенце поголемо, помало капаче, тоа се механизми со кои државата ќе притисне за да почнеме да создаваме помалку отпад уште во дизајнот на производот“, истакна Димитриевски.

    Димитриевски исто така истакна дека треба да се постави систем во којшто ќе се рециклира и реупотребува, бидејќи материјалот е добар за рециклирање само доколку е издвоен од граѓанинот на самиот почеток.

    „Треба да поставиме систем во којшто ќе биде можна рециклажа, реупотреба во која што ќе биде можна примарно селектирање на производите на лице место, затоа што ова секундарно селектирање за коешто сега се зборува тоа не носи цена на материјалот, материјалот е добар за рециклирање само ако е издвоен од граѓанинот на почетокот на постапката, на фрлање на отпад“, рече Димитриевски и додаде:

    „Мора да овозможиме од она што ќе остане од отпадот да се извадат материјали за секундарни суровини за индустријата, за енергија и она микро парче што ќе остане на крајот како неможност од него да се добие додадена вредност, да биде нешто што се депонира, вистински да се депонира во санитарна депонија, којашто е од доле заградена со геотекстил, под неа со глина, нема никакво влијание ни кон локалните почви, ни кон подземните води, има пречистителна станица во случај ако дожд навлезе во неа, да се пречисти водата и почиста од што е реката да влезе во неа, да има систем за вадење на биогас од таа депонија, од биогас да се добива енергија за греење, и за струја за околните места“.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    22.09.2025 во 22:12

    Макрон од говорницата на ОН ja призна Државата Палестина

    22.09.2025 во 21:45

    Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

    22.09.2025 во 21:39

    Филипче: Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката

    22.09.2025 во 21:24
    последни вести
    Македонија

    Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    22.09.2025 во 22:12
    Свет

    Макрон од говорницата на ОН ja призна Државата Палестина

    22.09.2025 во 21:45
    Политика

    Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

    22.09.2025 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.