Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Додека гостиварчани пиеја загадена вода, Владата правела бизнис зделка од 100.000€

    05.08.2026 во 08:52

    Нови цени на бензинот и дизелот

    05.08.2026 во 08:48

    Мециновиќ бара една изборна единица: „Гласот на секој граѓанин мора да има еднаква тежина“

    05.08.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Додека гостиварчани пиеја загадена вода, Владата правела бизнис зделка од 100.000€
    • Нови цени на бензинот и дизелот
    • Мециновиќ бара една изборна единица: „Гласот на секој граѓанин мора да има еднаква тежина“
    • ВРЕДИ до ДУИ: „Охридскиот договор не е тапија на Ахмети, 22 години кај вас беа и ножот и погачата”
    • Жешкото време носи ризици: 22 пожари беснееја низ Македонија
    • Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури
    • Не излегувајте без потреба: Важни препораки за безбедно справување со топлотниот бран
    • Апсење во Македонија: Свекрва ја пријавила снаата во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Додека гостиварчани пиеја загадена вода, Владата правела бизнис зделка од 100.000€

    СДСМ: Додека гостиварчани пиеја загадена вода, Владата правела бизнис зделка од 100.000€

    05.08.2026 во 08:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.

    -Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.  Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која  е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски, велат од опозицијата.

    Додаваат дека „Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер”,

    -Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето, велат од СДСМ во соопштението упатено до јавноста.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови цени на бензинот и дизелот

    05.08.2026 во 08:48

    Мециновиќ бара една изборна единица: „Гласот на секој граѓанин мора да има еднаква тежина“

    05.08.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.