Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П.(41) од Кавадарци.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 41-годишната Д.П. била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа ѝ се заканувала.
Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

