Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши со честитка за 2 Август: Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои ја градиме државата

    01.08.2026 во 10:08

    Внимавајте, топлотен бран ја зафаќа Македонија – ИЈЗ излезе со апел за заштита

    01.08.2026 во 10:03

    (ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Италија , згмечени автомобили, паднати фасади, оштетени балкони

    31.07.2026 во 23:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши со честитка за 2 Август: Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои ја градиме државата
    • Внимавајте, топлотен бран ја зафаќа Македонија – ИЈЗ излезе со апел за заштита
    • (ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Италија , згмечени автомобили, паднати фасади, оштетени балкони
    • Апсење на Кипар: Шпионирал британска воена база за иранската револуционерна гарда
    • Силна бура во Германија зеде жртва: Дрво падна врз 28-годишен маж во Саксонија
    • Уште еден силен земјотрес ја погоди Италија
    • Тешка сообраќајна несреќа во Алжир: Автобус излета во клисура
    • Земјотрес го потресе југот на Италија, епицентарот во близина на Неапол
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши со честитка за 2 Август: Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои ја градиме државата

    Гаши со честитка за 2 Август: Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои ја градиме државата

    01.08.2026 во 10:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати честитка до сите граѓани по повод 2 Август – Денот на Републиката.

    Во својата порака, Гаши истакнува дека празникот претставува потсетник за заедничката одговорност и градењето на иднината со дела и посветеност.

    По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност – стои во честитката на Гаши.

    Претседателот на Парламентот потсети на двата фундаментални историски Илиндени кои се темел на македонската државност.

    2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните – посочува тој.

    Тој исто така нагласи дека сегашните генерации имаат обврска секојдневно да ги живеат и практично да ги спроведуваат овие идеали преку почитување на институциите.

    Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите – порачува претседателот на Собранието.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Со ребалансот обезбедуваме 14,5% повеќе средства за капитални проекти и повисоки плати и пензии

    31.07.2026 во 21:42

    Мицкоски нема да оди на класичен одмор: Најави семејна екскурзија во Белгија

    31.07.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.