Close Menu
Press24
    Најново

    Ревизија начека хаос во Комисијата за заштита на конкурецијата: Пропусти во тендери, неосигуран имот

    28.07.2026 во 09:38

    Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија

    28.07.2026 во 09:29

    Мицкоски денеска во Илиндин

    28.07.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ревизија начека хаос во Комисијата за заштита на конкурецијата: Пропусти во тендери, неосигуран имот
    • Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија
    • Мицкоски денеска во Илиндин
    • Најмногу гужва на „Богородица“: Ова е состојбата на патиштата
    • Денеска сончево и топло: Температура до 35 степени, следува период на стабилно време
    • Норвешки морнар е приведен во Сплит под сомнение за силување ирска државјанка
    • На само 44 години почина поранешниот фудбалер на Реал Мадрид
    • Иран располага со балистички ракети со дострел до Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ревизија начека хаос во Комисијата за заштита на конкурецијата: Пропусти во тендери, неосигуран имот

    Ревизија начека хаос во Комисијата за заштита на конкурецијата: Пропусти во тендери, неосигуран имот

    28.07.2026 во 09:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази мислење со резерва за реалноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива при контролата на работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за 2024 година. Во конечниот извештај на ревизорите се нотирани низа системски слабости – од фаворизирање производители во тендерските документации, до отсуство на евиденција за изречените глоби и непостоење осигурување за државниот имот со кој располага оваа институција.

    Според ревизорските наоди, институцијата со години назадот не воспоставила единствен систем за следење на предметите по кои се изрекуваат парични казни, што отвора сериозен ризик од нивно застарување.

    Дополнително, државните ревизори утврдија дека КЗК воопшто ги нема осигурено своите деловни простории, опремата и благајната, со што директно го прекршила Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост.

    Од Државниот завод за ревизија прецизно ги дефинираат констатираните неправилности кои влијаеле врз конечната оценка:

    „Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Комисија за заштита на конкуренцијата, сметка на основен буџет (637) за 2024 година, констатирани се следниве состојби: материјалната и сметководствената евиденција не се усогласени поради отсуство на вредносни показатели во пописните листи, Комисијата нема преземено мерки за заштита на имотот преку осигурување, отсуство на единствена евиденција на предмети за кои се изречени глоби, слабости во содржината на тендерска документација и техничка спецификација во дел од постапките за јавни набавки.“

    Набавувале мобилни со нацртани спецификации и такси-услуги без јасни критериуми

    Под детална лупа на ревизорите беа сите четири постапки за јавни набавки спроведени во текот на 2024 година во вкупна вредност од 1,18 милиони денари. Кај половина од нив се констатирани флагрантни кршења на Законот за јавни набавки со кои се ограничувала конкуренцијата на пазарот.

    При набавката на три мобилни телефони, КЗК напишала спецификација која директно асоцирала на еден конкретен производител, додека кај набавката за такси-превоз не бил опишан начинот на бодување.

    Во извештајот за овие сомнителни тендери конкретно се наведува:

    „За набавката на мобилни телефони договорниот орган ја дефинирал техничката спецификација така што дадените карактеристики упатуваат на конкретен производител и производи, што не е во согласност со член 82 став 8 и 9 од ЗЈН… Во тендерската документација и огласот за набавка на услуги за такси превоз, како критериум за избор на најповолен понудувач е предвидено дека, договорниот орган ќе користи економски најповолна понуда врз основа на најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот… но не е опишан начинот на доделување на бодови.“

    Изгубени листи за присуство на работа и недостаток на еден член

    Посебен куриозитет во извештајот претставува делот со евиденцијата на вработените, каде од институцијата им соопштиле на ревизорите дека не можат да ги пронајдат дневните листи за присуство за 2024 година бидејќи „поминал подолг период“. Во доставените листи за 2025 година, пак, воопшто го немало присуството на самите членови на Комисијата за кои се исплаќаат државни плати.

    Истовремено, ревизорите истакнуваат дека во текот на цела 2024 година Комисијата функционирала со еден член помалку, со оглед на тоа што еден од членовите бил избран за претседател, а Собранието со месеци не именувало нов на неговото место.

    Во однос на изгубената документација за работните часови, ДЗР подвлекува:

    „Евидентните дневни листи кои биле водени во 2024 година не ни беа доставени на увид, со образложение дека е поминат подолг период и не можат да ги најдат. На увид е доставена евиденција за три месеци по избор на ревизијата, за 2025 година, во која не е евидентирано присуство на членовите на Комисијата.“

    По укажувањата на ДЗР за време на самата ревизија, раководството на КЗК прифатило сметководствени корекции со кои ги зголемило активата и пасивата за 13,1 милиони денари со соодветно запишување на зградата во која е сместена Комисијата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија

    28.07.2026 во 09:29

    Мицкоски денеска во Илиндин

    28.07.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.