Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Замина човекот, но легендата останува“: Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака се прости од актерската легенда Гоце Тодоровски

    „Замина човекот, но легендата останува“: Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака се прости од актерската легенда Гоце Тодоровски

    27.07.2026 во 19:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски.

    Ѓорѓиевски истакна дека не постојат вистински зборови за простување од човек кој зад себе оставил убавина, спомени и човечка топлина, нагласувајќи го големиот придонес на актерот за македонската култура.

    „Имавме многу заеднички моменти, разговори, средби и спомени кои денес добиваат уште поголема вредност. Спомени што ќе ги носам со себе и кои времето никогаш нема да ги избрише. Гоце Тодоровски беше дел од нашето детство, од нашите домови, од нашите животи. Со неговите улоги растевме ние, растеа нашите родители, а ќе растат и генерациите што доаѓаат по нас“, напиша Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека Тодоровски целиот свој живот ѝ го посветил на уметноста, оставајќи зад себе непроценливо богатство, а секоја негова емоција и збор остануваат како траен печат.

    „Денес замина човекот, но легендата останува. Чичко Гоце, ти благодарам за сѐ! Ти благодарам за добрината, за насмевката, за човечноста и за сите моменти што имав чест да ги споделам со тебе. Ти благодарам за неповторливиот придонес во македонската уметност и за неизбришливата трага што ја остави во срцата на сите нас“, се наведува во објавата.

    Ѓорѓиевски во својата Poraka истакна дека луѓето како Тодоровски никогаш вистински не заминуваат, бидејќи продолжуваат да живеат преку своите дела и сеќавањата на оние што ги сакале.

    „Нека ти е светол патот кон вечноста“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.