28-годишен словенечки државјанин со иницијали К.Г. заврши во притвор откако физички ја нападнал својата девојка за време на нивниот престој во Охрид.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил вчера, кога полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода пред локално казино.
Апсењето следувало по пријава дека тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во станот каде што престојувале.
Од Основниот суд во Охрид на словенечкиот државјанин му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, по што е спроведен во затворот во Охрид.

