Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска во Македонија, сите пациенти се хоспитализирани

    ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска во Македонија, сите пациенти се хоспитализирани

    27.07.2026 во 16:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заклучно со денеска, во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај.

    Во текот на јули се потврдени пет нови случаи, од кои најновиот е регистриран во четвртокот минатата недела.

    Регистрирани се шест автохтони случаи во Скопје и Велес, како и еден случај во Скопје каде лицето престојувало во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

    Според половата структура, седум од заболените се мажи, а едно е женско лице.

    Во однос на возраста, шест лица се на возраст над 60 години, додека две се на возраст од 50 до 59 години.

    Сите пациенти развиле потешки симптоми на централниот нервен систем, односно невроинвазивна инфекција, и биле хоспитализирани, а тројца од нив во меѓувреме се пуштени на домашно лекување.

    Западнонилската треска првпат во Македонија е регистрирана во 2011 година, а од тогаш до крајот на 2025 година се евидентирани вкупно 54 потврдени случаи и пет смртни исходи.

    Од ИЈЗ потсетуваат дека ова вирусно заболување се пренесува преку каснување од заразен комарец, додека луѓето и цицачите се случајни крајни домаќини.

    Прочитај повеќе

    Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен

    18.09.2026 во 14:16

    ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно

    18.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.