Во Клиничко-болничкиот центар „Доктор Драгиша Мишовиќ“ во Србија, за еден час се родиле шест бебиња. Три жени рдиле близнаци, а уште три жени на свет донеле по едно бебе, со што е постигнат рекорд во ова породилиште – за само еден час се родиле дури девет бебиња.
Началничката на Болницата за гинекологија и акушерство, д-р Слаѓана Михајловиќ, изјави дека тоа е еден од најубавите денови што ги памети откако работи во оваа установа.
„Сè помина во најдобар ред. Бременостите со близнаци се сметаат за високоризични, но благодарение на усогласената тимска работа на гинеколозите, анестезиолозите, акушерките и неонатолозите, сите породувања завршија успешно. Пресреќни сме што и мајките и бебињата се добро“, истакна Михајловиќ за РТС.
Во изминатите 24 часа во оваа установа се родиле повеќе од 18 бебиња, а од почетокот на годината на свет дошле повеќе од 2.500 новороденчиња.
„Не бркаме рекорди, туку квалитет. Најважно ни е мајките да бидат задоволни и да ни се враќаат и во следните бремености. Тоа е најголемата потврда за довербата во нашата работа“, нагласи д-р Михајловиќ.

