Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Ахмети по 24 години стави македонско знаме во кабинетот – Побарале амбасадорите

    ФОТО: Ахмети по 24 години стави македонско знаме во кабинетот – Побарале амбасадорите

    23.07.2026 во 10:522 Mins Read
    Али Ахмети, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својот кабинет во седиштето на партијата во Мала Речица конечно постави македонското знаме, кое беше забележано на фотографиите кои тој ги објави по средбата со австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер.

    -Денес имав задоволство да остварам средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, г. Мартин Памер.

    Разговаравме отворено и конструктивно за политичките случувања во земјата, европската перспектива на Северна Македонија и предизвиците кои бараат заедничка институционална одговорност. На средбата повторив дека патот на земјата кон Европската Унија останува наша стратешка определба и дека нема друга алтернатива.

    Нагласив дека напредокот кон полноправно членство во Европската Унија неизбежно поминува преку почитување на Охридскиот договор, зајакнување на владеењето на правото, функционирање на институциите врз принципите на еднаквост и демократија, како и исполнување на сите обврски што произлегуваат од евроинтеграцискиот процес.

    Исто така, истакнав дека градењето и негувањето на добрите меѓуетнички односи, политиката на добрососедство и создавањето економија која обезбедува благосостојба за граѓаните се столбовите врз кои треба да се гради европската иднина на нашата држава.

    Само со зачувување на овие вредности, Северна Македонија може сигурно, стабилно и достоинствено да продолжи напред, напиша Ахмети по средбата.

    За Тетова Сот, Ахмети вели дека отсекогаш бил за унитарна држава и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на амбасадорите.

    „На средбите со нив ми беше предложено знамето на државата Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.