Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Започнува практичната примена на мерит-системот во јавната администрација

    Минчев: Започнува практичната примена на мерит-системот во јавната администрација

    22.07.2026 во 13:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор.

    Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со донесувањето на системските закони беше поставена цврста основа за реформите, но дека нивната вистинска вредност ќе се потврди преку доследна примена во пракса.

    „Реформите не се успешни кога остануваат запишани во законските текстови. Тие се успешни кога институциите ги применуваат, кога службениците ги препознаваат како корисни алатки и кога граѓаните ги чувствуваат придобивките од нив. Токму затоа, денес мерит-системот добива своја практична примена“ истакна министерот Минчев.

    Во рамки на настанот беа претставени Правилникот за работните компетенции на административните службеници и Прирачникот за спроведување интервју базирано на компетенции, практични инструменти кои ќе овозможат појасни стандарди за проценка на компетенциите, поголема предвидливост на постапките и намалување на субјективноста при селекцијата на кандидатите.

    „Денес не зборуваме само за закони. Денес зборуваме за конкретни механизми што ќе им помогнат на институциите да спроведуваат фер, транспарентни и објективни постапки за вработување, засновани на знаење, способности и интегритет“ нагласи Минчев.

    Министерот истакна дека визијата на Министерството е јавна администрација во која вработувањето и напредувањето ќе зависат од знаењето, компетенциите и постигнатите резултати, а институциите ќе располагаат со професионални и мотивирани службеници кои ќе обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните.

    Посебна благодарност министерот упати до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за континуираната експертска и партнерска поддршка во процесот на модернизација на јавната администрација.

    Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, нагласи дека Мисијата целосно го поддржува Министерството за јавна администрација во воведувањето на новиот систем за вработување заснован на компетенции.

    „Новиот правилник, водичот и практичните алатки ќе обезбедат вработувања засновани на квалификации, испити и вештини, а не на политички фаворитизам. Тоа значи помалку простор за недозволено влијание, посилни институции и подобри јавни услуги за граѓаните. Вработувањето засновано на заслуги обезбедува јавните службеници да можат одговорно да управуваат со сложени процеси и ефикасно да испорачуваат услуги“ истакна амбасадорот Вал.

    Со воведувањето на овие реформски алатки, Министерството за јавна администрација прави нов исчекор кон воспоставување јавен сектор во кој мерит-системот не е само законски принцип, туку стандард што ќе се применува во секоја постапка за вработување.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.