Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР

    22.07.2026 во 09:57

    Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Обезбедени нови средства за повеќе сектори

    22.07.2026 во 09:54

    Пронајден е авионот на Пан Ам, кој исчезна со 69 патници и екипаж пред 74 години

    22.07.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР
    • Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Обезбедени нови средства за повеќе сектори
    • Пронајден е авионот на Пан Ам, кој исчезна со 69 патници и екипаж пред 74 години
    • Над 9.000 повици за помош во Скопје, паднати дрвја, оштетени објекти, кровови, возила – Невремето остави хаос
    • (ВИДЕО) Апокалиптични сцени од невремето испливаа и од Струмица
    • СДСМ: Наместо одговори за Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Филипче
    • ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Лимани по случајот со водата во Гостивар
    • ВИДЕО: Снимен моментот како лета покрив од зграда во Чаир за време на силното невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР

    Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР

    22.07.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 21.07.2026 во 12:25 часот, на улицата „Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода С.С. (35) од Струмица, поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување исправа“.

    При контролата, лицето било затекнато како управува патничко возило „Ауди А5“ со кавадаречки регистарски ознаки кои, како што е утврдено, припаѓале на друго возило. Во автомобилот биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан, како и албански регистарски таблички, сообраќајна дозвола, зелен картон и договор за изнајмување на возило од рент-а-кар компанија.

    За случајот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

    Истиот ден во 17:50 часот, на експресниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти.

    Возачот не запрел, туку продолжил со движење, по што кај клучката Крушевица изгубил контрола над возилото и удрил во банкините покрај патот. По несреќата, возачот и мигрантите го напуштиле местото.

    Набргу потоа, во близина биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан со телесни повреди. Тие биле пренесени во Општата болница во Кавадарци, каде им била укажана медицинска помош, а потоа биле сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“.

    По преземените мерки, на 22.07.2026 во 01:00 часот, на експресниот пат Прилеп – Градско, кај клучката Крушевица, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М. (30) од Скопје, во кое како сопатник бил И.Н. (34) од Скопје, со живеалиште во село Крушопек.

    Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело, од слобода бил лишен И.Н., кој бил предаден во полициска станица.

    Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Обезбедени нови средства за повеќе сектори

    22.07.2026 во 09:54

    Над 9.000 повици за помош во Скопје, паднати дрвја, оштетени објекти, кровови, возила – Невремето остави хаос

    22.07.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.