Close Menu
Press24
    Најново

    Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    22.07.2026 во 08:52

    СДСМ бара оставки по труењето во Гостивар: „Институциите молчеа додека граѓаните пиеја загадена вода“

    22.07.2026 во 08:45

    Левица ќе бара вонредна седница за помош на граѓаните по невремето

    22.07.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер
    • СДСМ бара оставки по труењето во Гостивар: „Институциите молчеа додека граѓаните пиеја загадена вода“
    • Левица ќе бара вонредна седница за помош на граѓаните по невремето
    • Метеоаларм: УХМР најавува ново силно невреме
    • Македонија и Индија со можности за нова економска соработка во земјоделството
    • Живата на термометарот падна по невремето, температурите во 8 часот – УХМР предупредува за ново невреме
    •  (ФОТО) Џокси раскажа што му се случило при невремето: „Ја држевме вратата да не се откорне„
    • ФОТО: Секунди го делеле од трагедија – Во невремето фасада падна пред влез во Скопје, станар се спасил во последен момент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    22.07.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово е измерен во Штип, каде што наврнале 18 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Според податоците од дождомерните станици на УХМР, во Куманово се измерени 14 литри на квадратен метар, во Скопје-Петровец 11, во Струмица 10, а во Скопје-Зајчев Рид осум литри.

    Во Берово се регистрирани седум литри на квадратен метар, додека во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Крушево и Попова Шапка се измерени по четири литри. По три литри дожд наврнале во Претор, Битола, Демир Капија, Кавадарци и Тополчани, а во Гевгелија и Пожаране се измерени по два литри на квадратен метар.

    Од УХМР нагласуваат дека поради локалниот карактер на атмосферските процеси, количината на врнежи може значително да се разликува од место до место, а на одделни локации може да биде и значително поголема од измерената.

    За денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд. Локално ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во одделни делови од земјата се можни и краткотрајни невремиња со град.

    Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува и над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер. Во делови од скопската котлина се очекуваат повремени врнежи и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ бара оставки по труењето во Гостивар: „Институциите молчеа додека граѓаните пиеја загадена вода“

    22.07.2026 во 08:45

    Левица ќе бара вонредна седница за помош на граѓаните по невремето

    22.07.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.