Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 117 oштетени возила, откорнати 35 покриви и скоро 200 паднати дрвја: МВР излезе со пресек со штети

    117 oштетени возила, откорнати 35 покриви и скоро 200 паднати дрвја: МВР излезе со пресек со штети

    21.07.2026 во 23:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции.

    Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.

    Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

    На подрачјето на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови.

    На подрачјето на СВР Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови, додека на подрачјето на Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

    На подрачјето на СВР Велес пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.

    На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

    На подрачјето на СВР Битола не се регистрирани значителни последици. Само на подрачјето на ПС Македонски Брод е забележан краткотраен силен ветер, без пријавени материјални штети или паднати дрвја.

    На подрачјето на СВР Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

    Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најзначајни последици се регистрирани на ГП Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина.

    Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти (шатори и помошни објекти), како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.