Close Menu
Press24
    Најново

    Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

    21.07.2026 во 08:07

    Седми авион на „Виз ер“ пристигнува во базата на скопскиот аеродром – Николоски на настанот

    21.07.2026 во 08:04

    Сиљановска домаќин на индиската претседателка: Средби, државни почести и економска соработка

    21.07.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“
    • Седми авион на „Виз ер“ пристигнува во базата на скопскиот аеродром – Николоски на настанот
    • Сиљановска домаќин на индиската претседателка: Средби, државни почести и економска соработка
    • Шест комисии заседаваат во Собранието, на дневен ред повеќе законски измени
    • Пеколно топол ден, па следи невреме – Од петок драстична промена на времето
    • Најчестите причини за често будење навечер
    • Од визуелни ефекти до побрза постпродукција: Еве кој сè повеќе се потпира на генеративната ВИ
    • (ФОТО) Муцунски ја пречека претседателката на Индија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

    Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

    21.07.2026 во 08:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени.

    Обвинителството соопшти дека против тројцата е поведена истражна постапка за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата“, поврзано со загадување на вода за пиење.

    Според сомнежите, осомничените, како в.д. директорка, технички раководител на Секторот за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, со свои дејствија ја направиле неупотреблива водата во системот што ја снабдува Општина Гостивар и дел од околните села.

    Истрагата покажала дека на 25 јуни тие наложиле на вработени да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода, во близина на преливната комора на водоводниот систем, со цел да се тестира притисокот на водата.

    При увид извршен на 16 јули било утврдено дека две од пумпите сѐ уште работеле и преку црева пренесувале вода од отворениот канал во преливната комора на системот за водоснабдување. На тој начин дошло до мешање на загадена вода со водата за пиење.

    По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје извршил лабораториски анализи, при што било утврдено дека водата од каналот е екстремно загадена. Измерени се 2.419,6 cfu/100 мл колиформни бактерии, иако максимално дозволената вредност е 50 cfu/100 мл.

    Анализите на водата од каптираниот извор покажале зголемен број аеробни мезофилни бактериски колонии и присуство на 39 cfu/100 мл колиформни бактерии, иако според стандардите нивното присуство треба да биде нула. Поради тоа, водата е оценета како небезбедна за употреба и консумирање.

    Дополнително, примерок земен од чешма на улицата „ЈНА“ во Гостивар покажал и зголемена концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л, што е над максимално дозволената вредност пропишана со правилникот.

    Обвинителството оценува дека последиците од загадувањето не можат лесно да се отстранат, поради што постои основано сомнение дека е сторено кривичното дело.

    Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува со истражните дејствија за целосно расчистување на случајот. Осомничените се задржани, а во текот на денот јавен обвинител ќе одлучи дали до судот ќе предложи мерки за нивно обезбедување.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Седми авион на „Виз ер“ пристигнува во базата на скопскиот аеродром – Николоски на настанот

    21.07.2026 во 08:04

    Сиљановска домаќин на индиската претседателка: Средби, државни почести и економска соработка

    21.07.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.