Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Состојбата со труењето во Гостивар е алармантна, Клековски пет дена ја криел вистината

    Поповиќ: Состојбата со труењето во Гостивар е алармантна, Клековски пет дена ја криел вистината

    20.07.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската партија СДСМ преку прес-конференција на Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор, побара итна политичка и институционална одговорност од министерот за здравство, Сашо Клековски, поради состојбата во Гостивар.

    Од партијата соопштуваат дека здравствената криза во Гостивар е алармантна и дека над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми на загадена вода за пиење.

    Според СДСМ, надлежните институции задоцниле со реакцијата и дозволиле епидемијата на гастроентеритис да ескалира до сериозна здравствена криза.

    Од опозицијата тврдат дека надзорот утврдил поставување на дивоградена пумпа во главниот цевковод, преку која директно се вбризгувала небезбедна вода од реката Вардар во водоводот.

    Во партиското соопштение се нагласува дека епидемијата била прогласена дури кога амбулантите и болниците биле веќе преполни со заболени граѓани.

    СДСМ упати директно обвинување до министерот Клековски дека свесно го одложил прогласувањето на епидемија со цел да ги скрие информациите за масовното труење.

    Наместо брза реакција, следуваа празни изјави од типот „наскоро ќе има информации“, „за неколку дена ќе биде познато“ и „јавноста ќе дознае наскоро“, а потоа сите се преправаа дека се изненадени од размерите на катастрофата.

    Поповиќ истакна дека криењето информации во услови на загрозување на јавното здравје претставува неодговорно постапување со сериозни последици.

    На крајот од прес-конференцијата, од СДСМ побараа целосна вистина и итна одговорност од министерот за здравство и од сите раководители во надлежните институции.

    Прочитај повеќе

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.