Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
    • Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична за службеник од Универзитетот во Тетово: Со лажни потврди присвоил над 3,3 милиони денари од студентите

    Кривична за службеник од Универзитетот во Тетово: Со лажни потврди присвоил над 3,3 милиони денари од студентите

    20.07.2026 во 11:012 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување исправа.

    Од УФП информираат дека пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 година, ја злоупотребил службената положба со цел да стекне противправна имотна корист.

    Според пријавата, наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студенти за уплати за партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање на повеќе факултети, тој не ги уплатил на сметката на Универзитетот преку платформата Е-pay, туку ги присвоил за себе.

    Со тоа, како што наведуваат од Управата за финансиска полиција, стекнал противправна имотна корист во износ од 3.362.272 денари, а на Универзитетот му причинил штета во истиот износ.

    За прикривање на дејствијата, пријавениот наводно изработувал лажни потврди за извршени уплати преку Е-pay, кои им ги доставувал на студентите како доказ дека трансакциите биле реализирани.

    Од УФП додаваат дека при изработката на потврдите биле користени податоци од автентична потврда за уплата, по што биле менувани информациите за уплаќачот, износот и датумот. Студентите, верувајќи дека уплатите се извршени, документите ги прикачувале во електронскиот систем и ги доставувале до студентската служба.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка

    23.09.2026 во 17:19

    Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“

    23.09.2026 во 16:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.