На 18.07.2026 година во 21:35 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријавил дека истиот ден околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга.
Во друг одделен настан, на 19.07.2026 година во 02:00 часот, 35-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

