Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Maкрон го пречека Беким Сали во Париз

    Maкрон го пречека Беким Сали во Париз

    13.07.2026 во 18:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот Макрон ги пречекува европските лидери, меѓу кои и првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали

    Париз, 13–14 јули 2026 година – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција.

    Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент.

    Во вечерните часови, министерот Сали ќе присуствува на официјалната вечера организирана од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, во Елисејската палата, со учество на шефови на држави и влади од партнерските земји.

    На 14 јули, министерот Сали ќе присуствува на традиционалната воена парада во Париз по повод Националниот празник на Франција, која годинава се одржува под мотото „Стратешкото будење на Европа“, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, безбедност и зајакната европска соработка.

    Учеството на овие активности ја потврдува блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и европската соработка.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.