Close Menu
Press24
    Најново

    Полицајците ги потсетија граѓаните: Поминувајте улица на пешачки – без слушалки и телефони

    13.07.2026 во 17:07

    Велјановски до Тренчевска: Го изгубивте легитимитетот уште како министерка за труд и социјална политика

    13.07.2026 во 17:03

    Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати

    13.07.2026 во 16:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицајците ги потсетија граѓаните: Поминувајте улица на пешачки – без слушалки и телефони
    • Велјановски до Тренчевска: Го изгубивте легитимитетот уште како министерка за труд и социјална политика
    • Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати
    • Поради СДСМ откажана опозициската координација во Собранието за Изборниот законик
    • Вештачење за пожарот во „Пулс“: Целосно непочитување на безбедносните стандарди
    • Јанев лично проверува како Лазов избега од Полициската станица во Кочани: Локални шерифи нема да постојат, законот важи еднакво за сите
    • Апсење во виничко: Полицијата најде кокаин, марихуана и пушка
    • Разрешени сите министри опфатени во владината реконструкција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицајците ги потсетија граѓаните: Поминувајте улица на пешачки – без слушалки и телефони

    Полицајците ги потсетија граѓаните: Поминувајте улица на пешачки – без слушалки и телефони

    13.07.2026 во 17:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (13.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот. На граѓаните им беше потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем.

    Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО Чашка на подрачје на Скопје, с. Долно Којнаре и општина Чашка реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. Отсекот за превенција при СВР Куманово, исто така, во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово во Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети.

    Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Беа договорени заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење

    Прочитај повеќе

    Апсење во виничко: Полицијата најде кокаин, марихуана и пушка

    13.07.2026 во 15:04

    Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње, полицијата им пронајде дрога

    13.07.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.