Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поради СДСМ откажана опозициската координација во Собранието за Изборниот законик

    Поради СДСМ откажана опозициската координација во Собранието за Изборниот законик

    13.07.2026 во 16:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откажана е координативната средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од Левица, заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик.

    Пратеникот Борислав Крмов во изјава за МИА рекол дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ.

    „За друга средба и за тоа дали би одржале без некој претставник од другите опозициски партии (дали СДСМ или некој друг) – не можам да кажам. Не сме разговарале“, рече Крмов за МИА.

    Политичката партија Левица преку соопштение на нивниот официјален фејсбук-профил остро реагираше на ваквиот чекор на Социјалдемократскиот сојуз.

    „Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија, која иницира координација на опозицискиот блок за суштинска реформа на Изборниот законик… СДСМ со своето одбивање не ја казнува, туку ја пропушта возможноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила“, се вели во соопштението на Левицата.

    Од друга страна, пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, смета дека овие случувања се јасен сигнал за опструкција на законското решение, чиј рок за донесување во реформската агенда е до 15 јули.

    „Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска, иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада… сега гледаме дека се бараат експертски расправи итн., всушност укажуваме дека, најверојатно, постои договор меѓу опозициските партии овој закон да не биде донесен“, рече Стојаноски.

    Тој го повтори ставот дека власта ќе прифати сè за што опозицијата ќе се договори, доколку се вклучи и гласањето на дијаспората. По однос на обвинувањата, СДСМ уште вчера јасно го дефинираше својот став против учество на оваа средба.

    „СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава“, посочија од СДСМ, оценувајќи го состанокот како игра на власта.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.