Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вештачење за пожарот во „Пулс“: Целосно непочитување на безбедносните стандарди

    Вештачење за пожарот во „Пулс“: Целосно непочитување на безбедносните стандарди

    13.07.2026 во 15:552 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градежното вештачење изработено за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажало сериозни системски пропусти и целосно непочитување на безбедносните стандарди при пренамената и реконструкцијата на објектот. Ова на денешното рочиште го истакна судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски.

    Пред Судот, Марковски посочи дека експертскиот тим спровел повеќе увидни постапки на местото на несреќата, извршил анализа на материјалите и ја разгледал целокупната документација поврзана со објектот.

    На почетокот од своето излагање, тој им изрази сочувство на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека единствената цел на вештачењето е да се утврдат причините за трагедијата и да се спречат слични несреќи во иднина.

    „Вештачењето недвосмислено покажа дека системот, институциите и поединците целосно потфрлиле. Не биле почитувани стандардите, регулативата ниту процедурите што требало да ја гарантираат безбедноста. Практично, не било почитувано ништо“, изјави Марковски.

    За да ја илустрира важноста на градежните стандарди, професорот направи споредба со земјотресите во Хаити и Чиле во 2010 година, истакнувајќи дека иако земјотресот во Чиле бил значително посилен, бројот на жртвите бил многукратно помал благодарение на почитувањето на прописите за безбедно градење.

    Тој потенцираше дека посетителите на јавни објекти не можат сами да проценуваат дали просторот е безбеден, туку тоа е обврска на институциите и на стручните лица. Марковски објасни дека степенот на заштита што мора да го обезбеди еден објект зависи од неговата намена, која е утврдена со Деталниот урбанистички план.

    „Не може објект што бил изграден за индустриска намена да се користи како дискотека без да се исполнат сите безбедносни услови што ги бара таквата намена“, рече тој.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.