Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разрешени сите министри опфатени во владината реконструкција

    Разрешени сите министри опфатени во владината реконструкција

    13.07.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието ги разреши министрите кои се опфатени со реконструкцијата на владиниот кабинет и на чие место треба да дојдат кадрите што ги предложи премиерот Христијан Мицкоски по разговорите со коалициските партнери – ЗНАМ и Влен.

    Разрешувањето на министрите за правда; за односи меѓу заедниците; за земјоделство, шумарство и водостопанство; за здравство; за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа; за култура и туризам и еден министер без ресор, беше прва точка во рамките на денешната 112. седница, на која на дневен ред е реконструкцијата на Владата.

    Сите министри кои веќе не ја вршат оваа функција беа разрешени со двотретинско мнозинство гласови, иако за разрешувањето беше потребно апсолутно мнозинство, односно за предлогот да гласаат најмалку 61 пратеник.

    Еве како се гласаше поединечно во собраниската сала:

    • Игор Филков од функцијата министер за правда беше разрешен со 83 гласа „за“, без „против“ и воздржани.
    • Иван Стоиљковиќ од министер за односи меѓу заедниците беше разрешен со 95 гласа „за“.
    • Цветан Трипуновски, кој раководеше со земјоделство, со 92 гласа „за“.
    • Азир Алиу – неговото разрешување го поддржаа 80 пратеници, додека тројца беа против, а имаше и тројца воздржани.
    • Фатмир Лимани од министер за социјална политика „за“ гласаа 85 пратеници, а еден беше против.
    • Златко Перински од министер за локална самоуправа го поддржаа 87 пратеници.
    • Зоран Љутков, кој беше на чело култура и туризам, 91 пратеник.
    • Шабан Салиу е разрешен од функцијата министер без ресор со 85 гласа „за“.

    Од разрешените министри само еден ќе се врати во владата со ново портфолио. Станува збор за Иван Стоилковиќ, кој од министер за односи меѓу заедниците ќе го заземе ресорот локална самоуправа. Златко Перински, кој е разрешен од овој ресор, треба да го заземе директорското место во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), чиј прв човек Сашо Клековски е предложен за министер за здравство, на местото на разрешениот Азир Алиу.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.