Министерство за внатрешни работи распиша меѓунарордна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани. Тој избега од полициската станица во Кочани, каде што приведен поради поседување дрога.
-Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, велат од Министерство за внатрешни работи.

