УХМР ги измери температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Најсвежо е на Попова Шапка каде се измерени 14 степени, додека најтопло во 11 часот е во Гевгелија со 30 степени Целзиусови.
Во Струмица, Кавадарци и Демир Капија се измерени 29 степени, а во Скопје се измерени 27 степени ова претпладне.
Според прогнозата, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Дневната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

