Close Menu
Press24
    Најново

    Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”

    13.07.2026 во 11:01

    Водовод информира која скопска населба ќе нема вода

    13.07.2026 во 10:26

    Брзината и алкохолот меѓу главните прекршоци – За викендот МВР приведе 64 возачи

    13.07.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”
    • Водовод информира која скопска населба ќе нема вода
    • Брзината и алкохолот меѓу главните прекршоци – За викендот МВР приведе 64 возачи
    • Убиство го потресе Скопје: Син со нож си го убил таткото
    • АМСМ со важна информација за возачите во екот на летните одмори
    • ГАЛЕРИЈА: Млада девојка загина, шест деца повредени – минибус се заби во карпа и се преврте по враќање од Острог, трагедија во регионот
    • Пратеничката Петровска понуди помош за младата Меланија: „Не сте сами”
    • ВРЕДИ: „Охридско лето“ е мост меѓу културите и народите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”

    Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”

    13.07.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Театарот „Антон Панов во Струмица” се прости од Тинка Ристеска (1953–2026) – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар.

    -Со длабока тага се простуваме од нашата долгогодишна актерка Тинка Ристеска – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар.

    На 12 јули 2026 година, Тинка замина кај оние за кои изминатиот месец говоревме низ серијалот „Сеќавања“ – кај темелниците и великаните на Струмичкиот театар. Денес и таа станува дел од тој вечен пантеон на уметници што го создадоа и изградија нашиот театар.

    Тинка не беше само голема актерка. Таа беше прекрасен човек, секогаш подготвена да помогне, да охрабри и да го пренесе своето знаење. Беше мост меѓу генерациите – меѓу основачите на театарот и најмладите актери, оставајќи зад себе не само големи улоги, туку и голема човечност.

    Нејзиниот живот беше театар.

    На само 16 години, во 1969 година, првпат застана на сцената на Струмичкиот театар со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент започна патување долго 55 години, во кое оствари повеќе од сто улоги и создаде ликови што трајно ќе останат во македонската театарска меморија.

    Нејзиниот раскошен талент блескаше во претставите „Галеб“, „Стаклена менажерија“, „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Печалбари“, „Женидба“, „Крвави свадби“, „Тетовирани души“, „Бледица“, „Лет во место“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Чудо големо“, „Вечна игра“ и многу други.

    И по пензионирањето, во 2005 година, остана верна на сцената. Во 2019 година го одбележа својот 50-годишен актерски јубилеј, а во 2024 година и 55 години актерска дејност – редок јубилеј на уметник што целиот свој живот му го посвети на театарот.

    Покрај сцената, остави значаен белег и во телевизиски серии, ТВ-проекти и долгометражни филмови.

    Денес не се простуваме само од голема актерка. Се простуваме од дел од душата на Струмичкиот театар.

    Нејзиното име ќе остане трајно запишано во историјата на македонската театарска уметност, а нејзините улоги ќе продолжат да живеат во спомените на сите што имаа чест да ја гледаат и да ја познаваат.

    Погребот ќе се изврши на 14 јули 2026 година (вторник), во 12.00 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени од 11.00 часот во Градската капела во Струмица.

    Почивај во мир, драга Тинка.

    Аплаузот за тебе никогаш нема да стивне, стои во објавата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Водовод информира која скопска населба ќе нема вода

    13.07.2026 во 10:26

    Брзината и алкохолот меѓу главните прекршоци – За викендот МВР приведе 64 возачи

    13.07.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.