Close Menu
Press24
    Најново

    Се огласи Груевски: „Камчев беше уценет, становите не се мои”

    13.07.2026 во 08:51

    Разрешување на повеќе министри и избор на нови: Пред пратениците реконструкцијата на Владата

    13.07.2026 во 08:40

    Почина на само 35 години – Откриена вистинската причина за смртта на турската актерка од серијата на Сител

    13.07.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се огласи Груевски: „Камчев беше уценет, становите не се мои”
    • Разрешување на повеќе министри и избор на нови: Пред пратениците реконструкцијата на Владата
    • Почина на само 35 години – Откриена вистинската причина за смртта на турската актерка од серијата на Сител
    • ФОТО: Почина професорката која остави неизбришлива трага во македонското пливање – Голема загуба за македонскиот спорт
    • Топло од рано наутро, 27 степени во 8 часот – УХМР ги објави температурите
    • Апсење на Граничниот премин „Богородица”
    • Трагедија во Скопје: Маж пронајден починат во стан
    • Се запали автомобил во движење во Скопје – Возачот завршил со изгореници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се огласи Груевски: „Камчев беше уценет, становите не се мои”

    Се огласи Груевски: „Камчев беше уценет, становите не се мои”

    13.07.2026 во 08:516 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

    Откако од опозициската СДСМ објавија соопштение во кое велат дека „граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, додека државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово”, се огласи и поранешниот премиер.

    -По којзнае кој пат истите медиуми, објавуваат наслови и текстови дека наводни мои станови се запленети и се на продажба. И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои станови и дека сето тоа е резултат на еден криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични, произлезени од стравот и омразата на криминалецот и предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев.

    Секој кој ја следеше судската постапка внимателно и кој памети што се случуваше, памети дека обвинителството не докажа ниту дека сум платил едно евро за тие станови (и земја), ниту дека биле во моја сопственост, ниту од каде пари за тоа (на почетокот тврдеа дека сум ги земал парите од партијата, но официјален преставник на самата партија во својство на сведок во судницата го демантираше тоа со ништо не поткрепено тврдење).

    Ниту пак докажаа некакво движење на некои пари во кое сум вмешан барем индиректно јас, ниту било што друго што би асоцирало дека имам било каква врска со тие станови и земјишта за кои ме обвинуваа.

    Бизнисменот Јордан Камчев кој исто така неправедно беше обвинет, односно беше обвинет со цел подоцна да биде уценет и притиснат да даде изјава против мене (како и многу други во тоа време), со која ќе бидам дискредитиран и осуден, во целата постапка се држеше достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегна на уцените.

    Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановака (онаа за која обвинителката Кадриу во интервју неодамна раскажа во медиумите дека барала да и направат спална соба во обвинителството).

    Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни.

    Во тој момент, Јордан Камчев, за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифати во целсот да ја промени приказната која ја говореше две години и да жртвува три стана од зградата која тој ја градел. За да не биде сам и да личи поверодостојно според сценарио предложено од обвинителката Лиле Стефанова и од Зоран Заев тој го повика за сведок и неговиот зет од сестра Мето Стојчевски и заедно ја спроведоа операцијата за која цел тој беше обвинет и уценет. Овие три стана до тој момент не беа предмет на обвинението.

    Неговиот зет Мето Стојчевски во распрашување во судот призна дека иако сме се сретнале, никогаш со мене не разговарал за тие станови, но дека наводно Сашо Мијалков му кажал да ги чува на посебна фирма за мене, во која патем не сум имал никаква сопственост или било каква директна или индиректна поврзаност, па дури и дека клучевите се суште кај нив. Сашо Мијалков во судот го негираше тоа тврдење и кажа дека не постои таков разговор меѓу него и Мето Стојчевски ниту пак моја поврзаност со тие станови.

    Можам само да замислам под кој притисок од Зоран Заев и неговите криминални структури биле и судиите во тоа време за да донесат или потврдат такви пресуди какви што носеа и да ги отфрлат аудио снимките кои се појавија во јавноста во тоа време во кои се слуша како Јордан Камчев категорично тврди дека немам никаква врска со таа земја са која ме обвинуваа, предмет кој го започнаа и го завршија без никаков елементарен материјален доказ против мене, од типот потпис, договор, плаќања пари, сопственост на форма, потекло на пари или било што, и мораа да одат на жесток притисок на дел од обвинетите да ме посочуваат мене како виновник.

    За потсетување на таа атмосфера на прогон од тоа време подолу едно потсетување со ЛИНК во КОМЕНТАР на неколку кратки снимка кои во тој период излегоа во јавноста, од кои лесно ќе се заклучи што реално се случи односно под каков притисок бил Јордан Камчев, како ја говорел вистината во разговорите со обвинутелите пред заканата со 12 години затвор за него и мајка му, за на крајот да биде принуден да се спасува себе си и своите блиски, со сосема друга приказна ставена пред него од обвинителката на главниот лик во целокупниот политички прогон против мене и моите соработници – Зоран Заев.

    За жал денес сеуште Зоран Заев инвестирајки ги своите проневерени пари во Дубаи, Таџикистан, Швајцарија, Грција и во други држави низ светот, и повремено одмарајки на луксузната јахта во Грција, сеуште не ги чувствува последиците од своите злодела не само против мене, туку и против Република Македонија и Македонците.

    Обвинителката Лиле Стефанова поранешната власт пред заминување ја унапреди во државното обвинителство(пандан на врховен суд во судството) каде што е и денес и со тоа ја награди за послушноста во политичкиот прогон кон мене и моите соработници, покрај незаконската награда што обвинителите на СЈО претходно сами си ја беа доделиле со што инкасираа по околу 200 илјади евра поединечно, пари од граѓаните го буџетот на Македонија.

    Неодамна нејзиното име, заедно со името на нејзината поранешна претпоставена Катица Јанева и обвинителот Рустеми, излезе во медиумите како дел од заговорничка криминална група за изнуда на пари од бизнисменот Томе Главчев од Гевгелија, поранешен сопственик на текстилната фабрика НОЕЛ, кој отворено раскажа во медиумите како бил уценуван за пари во износ од еден милион евра, и за тоа доставил доказ – аудио снимки во обвинителството од кои јасно се слуша како бил уценуван за да не биде гонет од обвинителството, барајќи од него да им плати поткуп од еден милион евра, што тој не го сторил и се соочил со последиците најавени при обидот за изнуда, случај кој сеуште нема разврска.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Разрешување на повеќе министри и избор на нови: Пред пратениците реконструкцијата на Владата

    13.07.2026 во 08:40

    Почина на само 35 години – Откриена вистинската причина за смртта на турската актерка од серијата на Сител

    13.07.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.