Почина проф. Соња Думбалоска Делова – личност која остави неизбришлива трага во македонското пливање.
Од Националната Пливачка Федерација, ја споделија тажната вест и кажаа последно збогум за истакнатата професорка по физичка култура, тренер по пливање, судија и педагог, која почина на 67-годипна возраст.
-„Нејзината посветеност, знаење и љубов кон спортот беа инспирација за многу генерации пливачи, тренери и спортски работници. Со својот труд и човечност даде огромен придонес во развојот на пливањето во Македонија и засекогаш ќе остане дел од неговата историја.
Во овие тешки моменти, Националната пливачка федерација изразува искрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите кои имаа чест да ја познаваат и да соработуваат со неа.
Почивајте во мир, професорке Соња. Вашето дело ќе живее вечно”, напишаа на Фејсбук од Националната Пливачка Федерација.
Посмртните останки на проф. Соња Думбалоска Делова ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 13 јули (понеделник), во периодот од 12:00 до 12:30 часот.

