УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија. Според податоците, ова утро е најсвежо е на Попова Шапка со измерени 12 степени.
Утрово во осум часот, Гевгелија е најтопол град со 27 степени. Во Скопје се измерени 19 степени.
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец, при што долж Повардарието ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне околу 30 степени.
И во вторник ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Долж Повардарието ветерот ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Во среда, пак, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи.

