Состојба со пожарите на отворен простор до 13:00 часот (12.07.2026)
На ден 12.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор. Активни пожари нема, 1 пожар е под контрола, а 2 пожари се изгаснати.
Под контрола: 1
Општина Штип – градската депонија во Штип (внатрешно чадење).
Изгаснати: 2
Општина Чешиново-Облешево – с. Уларци (ниска вегетација и стрниште).
Општина Валандово – помеѓу селата Дедели и Собри (нискостеблеста шума и прнар, со изгорена површина од околу 10–15 хектари; извршено догаснување).
Следниот пресек на пожарите на отворен простор ќе биде во 18:00 часот.

