Close Menu
Press24
    Најново

    Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

    12.07.2026 во 14:26

    4 милиони евра од буџетот на Албанците за Канје Вест: Тирана уживаше во концертот на контроверзниот рапер

    12.07.2026 во 14:22

    Кајне Вест се сретна со Еди Рама: Албанскиот премиер откри колку го платил за да одржи концерт

    12.07.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија
    • 4 милиони евра од буџетот на Албанците за Канје Вест: Тирана уживаше во концертот на контроверзниот рапер
    • Кајне Вест се сретна со Еди Рама: Албанскиот премиер откри колку го платил за да одржи концерт
    • Сопственикот откри што го предизвикало пожарот во „Baking Bread“ на Рекорд: Нема ни денар да побарале од осигурителната компанија
    • Уапсен тинејџер: Со нож избодел 14-годишно момче во Сарај
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Опозицијата не сака да има Изборен законик
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Вие немате кредибилитет да зборувате за Европа
    •  СДСМ: Бројките не полнат фрижидери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

    Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

    12.07.2026 во 14:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) го презема комплетното делегирање на истрагата на настанот што се случи  вчера  над Македонија со авионот Boing 737-800, кој оперирал како лет FR1879 за „Рајанер“ (Малта Ер), информираа вечерва за МИА од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).Согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), КИНСИВ претходно достави барање истрагата да биде делегирана на NTSB.

    – Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ – изјави за МИА претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски.

    Како што информира, вчера по добиената информација во 13:20 часот дека се случил сериозен инцидент во воздушниот простор на Република Северна Македонија  КИНСИВ согласно со прописите од областа на воздухопловството, ги известиле Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство (BEA), Грчката агенција за истрага на несреќи и сериозни инциденти, Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB)  и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).  

    – Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците. 

    Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

    – Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9.35 часот по локално време – пишува во вчерашното соопштение на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми

    Прочитај повеќе

    Сопственикот откри што го предизвикало пожарот во „Baking Bread“ на Рекорд: Нема ни денар да побарале од осигурителната компанија

    12.07.2026 во 14:13

    Уапсен тинејџер: Со нож избодел 14-годишно момче во Сарај

    12.07.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.